КОМПАНИЈА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (ЛЛЦ)


Во октомври 1992 год., американската држава Делавер, позната како корпорациска престолнина, го донесе актот за формирање на новото правно лице: Компанија со ограничена одговорност /ЛЛЦ/. Со корени во европскиот закон како штое германскиот ГмбХ, ова правно лице рапидно станува популарно поради даночните олеснувања кои ги дава.

Овој информатор го припреми Еуро Комерц ЛЛЦ, со помош на три делаверски адвокати специјализирани за делаверското корпорациско (деловно) право.

Еуро Комерц ЛЛЦ е една од фирмите за корпорациски услуги која е специјализирана за оснивање на делаверските корпорации, компанија со ограничена одговорност (ЛЛЦ, со ограничени партнерства / Limited Partnership) и Bussines Trust. K ако додатни услуги Еуро Комерц ЛЛЦ, ги дава и останатите сервиси како што се помош при отворањето на банкарски сметки, офшор консалтинг и помош при одржувањето на делаверските компании.

ЗОШТО ДЕЛАВЕР?

1) Традиција
Делавер одамна е позната како најатрактивна држава за организирање на бизнис клима. Корпорациските и труст закони во Делавер познати се по својата флексибилност во склучувањето на договорите. Исто така Делаверските судови кои ги интерпретираат овие закони се меѓу најугледните во државата и светот. Оваа традиција во ефикасноста ги привлекува деловните луѓе од целиот свет да формираат свои претпријатија баш во Делавер. Повеќе од половина од компаниите од Fortune 500 и NYSE /New York Stock Exchange/ имаат седиште во Делавер.

2) Неприкосновена договорна флексибилност
Основен пристап на делаверскиот статут е да му дозволи на странките да го дефинираат својот деловен однос со пишана спогодба која ги регулира операциите и менаџментот на правното лице /ЛЛЦ спогодба/ и да обезбеди правила само во оние работи во кои странките не се сложиле. Договорната флексибилност која ја нуди делаверскиот закон /уредба/ не може да се спореди со ниеден друг ЛЛЦ статут.

3) Ограничена одговорност за сопствениците и менаџерите
Додека делаверскиот закон /уредба/ дозволуваат со делаверсата ЛЛЦ да управуваат нејзините членови тој небара нејзините членови да бидат и менаџери. И, уште што е поважно, оваа уредба овозможува да ниеден член или менаџер не биде лично одговорен за било каков долг или обврска на делаверската ЛЛЦ само поради тоа што таа личност е члан или менаџер.

4) Погодности при оданочувањето на партнерството
Делаверската ЛЛЦ може да ги понуди истите предности во оданочувањето како и ограниченото партнерство. Исто така таа може да понуди поголема флексибилност во оданочувањето во областа на дистрибуцијата и може да се користи како вредно средство за планирањето на имотот /недвижностите/ и трансферот на богатствата.

ЛЛЦ НЕ МОРА ДА БИДЕ ПРАВНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ
Претприемачите кои не сакаат да ги сносат трошоците за формирање на флексибилна, влезена во шема деловна структура, би требало да се определат за стандардизирана структура на акционерското друштво.