ШТО Е КОМПАНИЈА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (ЛЛЦ) ?

Компанија со ограничена одговорност (ЛЛЦ) е облик на правно лице што сега станува популарен во САД иако постои во повеќе од десетина земји вклучувајќи ја Германија и Франција веќе со децении.

ЛЛЦ е хибридно деловно средство кое ги комбинира најдобрите особини на корпорација и партнерство. Како и корпорацијата ЛЛЦ легално постои одвоено од своите сопственици, исто така нејзините сопственици и менаџери не се лично одговорни за нејзините долгови и обврски. ЛЛЦ може да се користи како посредничко правно лице поради данокот така да оваа особина посебно му погодува на Европјаните кои на овој начин легално го избегнуваат американскиот данок. Работењето и управувањето со ваква фирма регулирани се се писмен договор помеѓу нејзините сопственици кој не е јавен.

ЗА КОИ ЦЕЛИ МОМЕНТАЛНО СЕ ФОРМИТААТ ЛЛЦ ?

Kако алтернатива на join venture или некое друго партнерсво:
Pаботењето под закрилата на ограничената одговорност во ЛЛЦ може битно да ја смали личната вмешаност. Договорната флексибилност на ЛЛЦ е ненадмината.

Kонтролата:
Pаспределбата на профитоти загубите и многу други аспекти можат да бидат одредени со ЛЛЦ договорот.

НАЈВАЖНО-Трансакциите со меѓународни учесници:
Нерезидентни странци (во САД) можат да бидат членови и/или менаџери. Меѓународните учесници највероватно се запознати со ЛЛЦ. Ниеден данок во САД не се наплатува по важечкиот даночен закон. Актуелниот закон на САД недозволува на IRS (американските даночни власти) да ја пријават добивката на домицилната земја на сопственикот на ЛЛЦ.

Фамилијарен бизнис:
Kонтролата и планирањето на имотот можат да бидат составен дел на ЛЛЦ договорот.

Заштита на имотот
ЗОШТО ЕВРОПЈАНИТЕ ФОРМИРААТ ЛЛЦ ВО ДЕЛАВЕР ?

Делаверската уредба не забранува странска сопственост или менаџмент а исто така не бара присуство во Делавер освен регистрирање на канцеларија и регистриран агент. Единствен потребен документ кој мора да биде поднесен во Делавер е краток сертификата за формирањето / certificate of formation /. Сртогата дискреција во потполност е зачувана бидејќи сопственикот и менаџерот не се обврзани да бидат именувани во овој документ. Припремањето, извршувањето и поднесувањето на овој сертификат мора да биде објавено од страна на овлатеното лице што во нашиов случај го врши нашиот регистриран агент во Делавер.

Европјаните и останатите нерезиденти во САД кои ја користат делаверската ЛЛЦ можат да имаа традиционални даночни бенифиции во партнерството како и други бенифиции кои се во врска со меѓународното даночно планирање. Ако Делаверската ЛЛЦ фирма има членови кои не се обврзани да плаќаат федерална такса на добивката во САД, ако тие немаат никаква работа на територијата на САД и не стекнуваат никаква добивка во САД тогаш по важечкиот закон тие не се обврзани да плаќаат федерална такса на добивката во САД ако се нерезидентни странци во САД. Поднесување на информативна даночна пријава е неопходна, но неа ја регулира агентот кој ја гарантира исправноста и точноста.

ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА НА ОФШОР ФИРМИ

* Извоз
ÌМакедонски извозник располага со одредена стока или услуга за стрнскиот пазар, а производната цена е 10.000 €.

Нашол странски купувач кој сака да плати 15.000 €.

Македонски извозник го продава производот на оф-шор фирма за 10.500 € да би неговата заработувачка била 500 €. Оф-шор фирмата го продава истиот производ на купец кој за производот плаќа 15.000 €. Во оф-шор фирмта се формира заработувачка од 4.500 € додека македонскиот извозник добива износ од 500 €. Оф-шор фирма се разбира не плаќа данок на профит така да целиот износ од 4.500 € неоданочен стои на располагање.
* Увоз
Во случај на увоз ова функционира обратно бидејќи оф-шор фирмата му го продава производот на увозникот по таква цена за да во земјата не му останува озбилна заработувачка.

Секако, погоре наведениот текст е само пример, можни се бројни варијации.

КАКО ФУНКЦИОНИРА СТАВАЊЕТО НА ПРИВАТНИОТ ИМОТ НА СИГУРНО МЕСТО ?

Големите политички промени многу често завршуваат со национализација-одземање на приватниот имот. На пример, одземањето пред и после II светска војна. Во такви ситуации прашање на живот и смрт е дали протераните имаат вредни недвижности или банковни сметки под името на фирмата од странство. Не е ни малку случајно дека банкарскиот закон на Швајцарија е поострен токму тогаш кога нацистичка Германија започна да ги испитува имотите на Евреите кои биле префрлени во Швајцарија.

ПРИМЕРИ НА ЗАШТИТА НА ИМОТОТ

За консултантите-Заштита на имотот од интелектуалните права
Ова е начин да го заштите својот имот како сопственик на пример на патент, на заштитна марка и слично како и приватна куќа и останатиот приватен имот. Овој случај можеби не е за секого, но стратегијата е вредна за разгледување.

Првата фирма е ЛЛЦ фирма. Тоа е фирма која е Ваша компанија преку која работите, контактирате со клиентите во нејзино име, примате уплати, плпаќате.

Користењето на ЛЛЦ фирмата за Вашето работење потполно го одвојува Вашето работење од Вас лично. Таа фирма го штити Вашиот приватен имот, но не е сопственик на никаков имот.

За секој од трите имоти кои стануваат предмет на работа се регистрираат посебна ЛЛЦ фирма кои стануваат сопственици на наведените имоти и тогаш се отстапуваат на Вашата прва фирма со посебан договор за лизинг.

Ако во некој случај нешто од Вашиот имот или една од Вашите фирми се најде во судски процес, останатите фирми можат нормално да продолжат да носат приходи, без ризик од губљење или присилна продажба. На тој начин Вие сте целосно заштитени.

Исто така, доколку дојдете во ситуација да продавате нешто од својот деловен имот или некое интелектуално право, можете лесно да го заобиколите плаќањето на данкот, така што ќе ја продадете само фирмата која е сопственик на предметниот имот и наместо договор за купопродажба на имотот кои се евидентираат и на кои се плаќа данок само ќе дојде до договор за продажба на фирмата и промена на сопственикот во регистарот на фирмите во Делавер.

ЛЛЦ фирмите се идеални да бидат сопственици на имотите затоа што се фирми со јака заштита од одговорност.

За сопствениците на бродовите
– Заштита на една или повеќе јахти
– моторни бродови

Дали некогаш сте се запрашиле зошто толку голем број на јахти и луксузни бродови се регистрирани баш во Делавер? Можете секогаш да ги видите по марините на источниот брег на Америка како и во најпознатите марини ширум Европа.

Со отворањето на Делавеска оф-шор фирма или корпорација ќе го заштитите својот имот-својата јахта, глисер, недвижност или авион. Многумина би помислиле дека ова е начин да сеизбегнат даноците и таксите, но во суштина тоа е паметен начин да го заштитите својот имот.

Организирајте ја ЛЛЦ фирмата така да има три класи на членови. Тоа ќе го направите така што формирана ЛЛЦ фирма да ги вклопува и Вашите наследници како членови на класа Б и класа Ц. На овој начин бродот ќе биде заштитен од судски спорови против Вас лично, а Вие лично ќе бидете заштитени од судски спорови поврзани со Вашиот брод.

Исто така можете да формирате повеќе фирми. Првата фирма е ЛЛЦ фирма. Тоа е фирмата Вашата компанија преку која работите, контактирате со клиентите во нејзино име, примате уплати, плаќате,.. Користењето на ЛЛЦ фирмата за Вашето работење потполно го одвојува Вашето работење од Вас лично. Таа фирма го штити Вашиот приватен имот, но не е сопственик на никаков имот.

За секоја јахта или брод кои ги имате се регистрира посебна ЛЛЦ фирма која станува сопственик на наведениот имот и тогаш се отстапуваат на Вашата прва фирма со посебан договор за лизинг.

Ако во некој случај нешто од Вашиот имот и/или една од Вашите фирми се најде во судски процес, останатите фирми можат нормално да продолжат да донесуваат приходи без ризик од загуба или присилна продажба. На тој начин Вие сте потполно заштитени.

Исто така, доколку дојдете до ситуација да продавате нешто од Вашиот деловен имот или некое интелектуално право можете лесно да го заобиколите плаќањето на данокот така што ќе ја продате само фирмата која е сопственикна наведениот имот и наместо договори за купопродажба на имотот кои се евидентираат и на кои се плаќа данок, само ќе дојде до договор за продажба на фирмата и промена на сопственикот во регистарот на фирмите во Делавер.

ЛЛЦ фирмите се идеални да бидат сопственици на имотот затоа што тоа се tax – free со јака заштита од одговорност.

ПОДЕЛБА НА ОФШОР РЕГИОНИ

Офшор регионите се делат на три групи према условите за работење:

Прва група
Фирмата може да работи без посебни услови и тоа:

• основниот капитал на фирмата не мора да се депонира

• годишниот биланс не се предава на службенните органи, па така обврската за водење на книгите е формална обврска

• на добивката на фирмата се плаќа годишен данок во фиксен износ (на пример 200 $)

Такви територии се :
Бахами, Џерси, Островот Ман, Делавер (САД)..

Бтора група
Покрај горните предности, фирмите се обврзани заверениот биланс од страна на книговодителот да го предадат на службените органи.

Во оваа група спаѓаат : Хонг-Конг и Ирска.

Трета група
Во оваа група при оснивањето на друштвото се депонира основниот капитал, задолжително се поднесува и биланс на службените органи, но на добиватка на фирмата се плаќа данок во поволен процент (понекогаш 0% или 4,5%).

Во оваа група спаѓаат :

Кипар, Швајцарија, Мадеира, Лихтенштајн и Унгарија,

каде фирмите кои исполнуваат одредени услови треба да платат данок на добивка во износ од 2,7%, а под исклучително поволни услови и Црна Гора со само 2,5% данок на добивка (делот кој не оданочува е и приход во странство на директорот-сопственикот)